Сопружниците Адри и Дејвид Роуз патувале со авион од Флорида за Колоради кога таа открила дека е бремена. Не сакала тоа да му го соопшти на сопругот па го замолила персоналот на авионот да и помогнат во изненадувањето.
-Имам голема молба. штотуку дознав дека сум бремена и сакам да го изненадам сопругот. Се надевав дека вие ќе можете да го објавите тоа пред полетувањето. Неговото име е Дејвид Роуз и седи на седиштето 28E. Ако можете да ми брз знак знак дека ќе објавите а јас ќе ја подготвам камерата-и напиша Адри во порака на стјуардесата. И таа бргу и одговорила дека ке биде во ред.
-Овде е вешиот пилот, ги молам Дејвид и Адри Роуз да обратат внимание. Именувата двојка успеа да прошверцува дополнителен патник во авионот. Имено, Адри неодамна дозна дека е трудна и во оваа прилика им ја честитаме приновата, се слушна од разгласот.
Давид среќната вест го остави прилично збунет, додека останатите патници врескаа.
-Чекај што?-повторуваше идниот татко.
– Господине Роуз, сега кога ја чувте веста, боцата со кислород ви е при рака, додаде пилотот.
Видеото на Давид досега е прегледано 46.000 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.