| четврток, 6 декември 2018 |

Телевизиите сакаат да им платат на пејачите, ЗАМП оди на суд

Под надзор на независната мониторинг агенција којашто ја има ангажирано ЗАМП се само радијата и телевизиите кои во моментот мака мачат да ја пополнат програмата, поради што им се намалува и гледаноста и слушаноста. Место да емитуваат македонска музика или закупени шоуа, поради забраната сe почесто на телевизиите програмата се пополнува со турски серии. Некои од нив најавуваат и тужби против ЗАМП поради претрпени штети.
Иван С. Мирчевски, генерален менаџер на “Канал 5” телевизија и претседател на Македонската медиумска асоцијација (ММА) чии членови се “Телма”, “Алсат-М”, “Алфа”, “Сител” и “Канал 5” за Вест вели дека гледаноста во сабота и недела на неговата телевизија е намалена поради неемитување на музичките шоу-програми обезбедени од српскиот продуцент. Поради тоа телевизијата изгубила неколку спонзори, па следната недела ќе покрене тужби за надомест на штета, посебно што одлуката македонското и на некои балкански здруженија за колективно управување на музички права се тотално бесправни и ирационални.

Од ЗАМП велат дека ја продолжуваат својата борба со државата која според организацијата дозволи формирање на уште едно здружение со чиј тарифник се уриваат надоместоците за авторите и се обезвреднуваат нивните дела.
Одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на македонска музика е оспорена пред Управниот суд. Иницијативата за оспорување ја поднеле повеќе национални радиодифузери.

-Очекуваме наскоро забраната да биде прогласена за бесправна. Парадоксално. Државата ни наметна обврска за емитување на домашна музика, која сега не можеме да ја исполниме, за што и за тоа ќе следува соодветен судски поднесок од страна на ММА, но најверојатно и од другите медиуми, против членовите на Управниот одбор и Собранието на ЗАМП, велат од Македонската медиумска асоцијација за Вест.

Телевизиите и радијата од регионот наскоро ќе почнат иницијатива за промена на начинот на наплата за надоместокот за музичките дела. Преку кампања “Европо разбуди се“ раководствата на ТВ-станиците и радијата ќе бараат во Европа да се прави наплата како во САД, преку компјутерска евиденција според емитувањата.

Сакаме да го платиме она што сме го емитувале и парите да одат во вистински раце, бидејќи сметаме оти музичките автори во Европа се единствените ‘бизнисмени’ во светот, кои својот труд го наплаќаат паушално, на принцип процент од приход, велат претставници на националните радија и телевизии.

Причината за серијата забрани за емитување на музика од повеќе земји, според Организациите коишто ги застапуваат правата на авторите е формирањето на новото здружение СОКОМ МАП кое предлага тарифник според кој надоместоците за музиката се кратат за повеќе од 50 отсто.

Целиот текст прочитајте го на ВЕСТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top