Додека Ким Кардашијан и понатаму ги покажува своите облини на социјалните мрежи,снима модни едиторјали и живее во реално шоу, заработувајќи огромни суми на пари, нејзиниот сопруг Канје Вест се обидува со нов албум да се врати на сцената.
Тој долго време беше во психичка криза, поради што ја откажа турнејата. Сега раперот бара помош од многу помладиот колега Џастин Бибер. Веќе од минатата година почнале да работат нови песни за раперот, како би се обидел да ја врати старата слава- пренел извор близок на Вест.
Ова не е прва криза на Канје. Неретко имал напади на бес и на социјалните мрежи, а минатата година имал и проблеми со спиењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.