Полицаец на околу педесетгодишна возраст денеска околу 10 часот во Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово е повреден со огнено оружје од страна на негов 35-годишен колега.
Повредениот, според тетовската полиција, веднаш бил префрлен во клиничката болница во градот од каде што по укажаната помош во сериозна состојба бил пренесен на клиниките во Скопје.
Во моментов трае увидот на јавниот обвинител и екипа на СВР Тетово за да се утврди како дошло до инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



