| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна лавина затрупа алпинисти

Снежна лавина затрупала четворица алпинисти на највисокиот врв Каменшница на планината на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, јавуваат хрватските медиуми.

Тројца од алпинисти се пронајдени и се наоѓаат во животна опасност, а по четвртиот се уште се трага.

Медиумите во Хрватска јавуваат дека повеќе од 130 спасувачи од Хрватска и БиХ се вклучени во потрагата, а во подножјето на планината чекаат резервни екипи за да ги заменат изморените спасители.

Се уште постои голема опасност од нови лавини.

Несреќата се случила вчера околу 14 часот. Лавината била долга речиси еден километар, а паднала од височина од 1.500 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top