Според резултатите од телефонската анкета, направена од невладината организација Хуманитарен Хоризонт 24 % од граѓаните планираат да ги бојкотираат локaлните избори. 37 проценти се уште не одлучиле или не се изјасниле, а 39 проценти рекле дека ќе излезат на гласање. Со оглед на тоа што вообичаено десетина проценти од оние што во анкетите не се изјаснуваат а излегуваат на гласање вкупниот процент на гласачи на локалните избори ќе дојде до 50 % или само 7-8 % помалку од просекот на излезност на последните неколку изборни циклуси.
Со оглед на тоа што за успешнот на изборите е потребна 30 % излезност, опозицијата не може да се надева на дебакл во тој поглед. Доколку овој пат се потврдат процентите кои беа присутни во текот на последните неколку гласања бојкотот на опозицијата нема значително да влијае на излезноста и регуларноста на локалните избори.
На поставеното прашање „Дали ќе излезете на гласање на претстојните локални избори или ќеги бојкотирате“39% од испитаниците се изјасниле дека ќе излезат на гласање, 24% од испитаниците се изјасниле дека ќе ги бојкотираат, 37% од испитаниците не се изјаснија или нивните одговори биле такви да уште има време, уште не одлучиле или уште се мислат и слично.
Анкетата е спроведена телефонски според методологија од ИРИ на 1117 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари.
Во општините каде што мнозинството на населението е од албанска националност, 67% се изјасниле дека ќе излезат на гласање, 14 % се изјасниле дека нема да излезат, а останатите 19% немаат никаков став или сеуште не одлучиле.
Ова се први податоци од истражување направено околу намерата на граѓаните за излезност на локалните избори, откако власта се одлучи да не иницира дијалог со опозицијата со цел да се дојде до компромис што ќе значи улчество на здружената опозиција на локалните избори, по што таа се реши на бојкот, на којшто ги повикаа и граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


