| четврток, 6 декември 2018 |

Интерактивна изложба на диносауруси во „Ситимол“

Како специјален подарок за сите основци кои ја завршија училишната година, Скопје „Ситимол“ им овозможи експедиција која ќе оди во потрага на огромни диносауруси! Од 12 јуни до 2 јули трговскиот центар ќе биде домаќин на интерактивната атракција „Кидс дино гиг”.

IMG_4214

Целиот настан е можност децата на интерактивен да се запознаат и да научат нешто повеќе за диносаурусите стари и до 250 милиони години – од ископување фосилни остатоци во самиот центар, преку тури со палеонтолози и разгледување на експонатите кои се долги и повеќе од 12 метри, па се до можноста да гледаат документарни филмови и да научат нешто повеќе за карактеристиките на диносаурусите.

IMG_4289

Во рамките на „Кидс дино диг”, децата можат да ископуваат и откриваат фосили во посебна униформа, заштитна опрема и алатки за ископување. Како дел од експедицијата, децата секојдневно ќе откриваат нови фосилни остатоци и ќе учат нови податоци за диносаурусите присутни.

IMG_4190

Со „Кидс дино диг” сакаме да им го честитаме завршетокот на учебната година на учениците во основните училишта. Решивме да им подариме интерактивен настан на кој ќе можат да научат многу нови работи за диносаурусите, да ископуваат фосили и артефакти во специјализираните археолошки зони, или едноставно, да се сликаат со овие енормно големи суштества кои до 2 јули буквално ќе го окупираат „Ситимол“. ”Кидс дино диг” е вистинска атракција низ Европа и ни претставува огромно задоволство што, како дел од нивната турнеја за 2014 година, се присутни и во Скопје и ќе претставуваат вистинска атракција за сите посетители – изјави Дарко Панчевски.

IMG_4172

Изложбата на диносаурусите ќе можете да ја погледете во времето на работа на трговскиот центар од 10 до 22 часот. Организираните тури со водич ќе се одржуваат на секој час . Комплетната тура и ископувањата на фосили се бесплатни. Децата кои ќе учествуваат во активностите поврзани со „Кидс дино диг” треба да се на возраст меѓу 5 и 12 години.

IMG_1277

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top