| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Кастро денес ќе добие нов мандат

Кубанскиот претседател Раул Кастро денеска би требало да биде избран за втор, петгодишен мандат. За овој мандат се очекува да продолжи со постепеното отворање на земјата започнато во 2006 година, кога го наследи постариот брат Фидел.

Мандатот, кој се очекува да го добие денеска, ќе му биде втор и последен, бидејќи токму тој го донесе законот со кој должноста на шеф на држава се ограничува на два петгодишни мандати.

Народното собрание, кое се бира со долг изборен процес, започнат во октомври на општинските избори, денеска и официјално ќе се конституира и ќе избере 31 член на Државниот совет. Тоа е главното извршно тело на кубанските власти, кое го избира претседателот и се очекува дека ќе го потврди вториот мандат на Раул Кастро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top