| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Ангел: Тоа е тоа… го изгубив детето

angel

Сашо Петковски деновиве ги живее со својата болка по изгубениот син и не е во состојба да каже ништо за крвавиот настан, пишува Утрински весник.

– Сега не сум во состојба да кажам што било. Сѐ уште сум со лекарства. Кога ќе можам, ќе зборувам – рече накратко Сашо Петковски и повторно се упати кон клупата на којашто седеше.

„Тоа е тоа… Го изгубив детето“, рече Петковски и во истиот миг до нас се приближи еден од соседите. Човекот беше крајно резигниран и полн со критики на сметка на новинарите и медиумите.

– Видов дека сте новинари и затоа појдов по вас. Знаете ли вие дека Саше, од денот кога го убија Ангел, ниту гледа телевизија, ниту чита весници. Срамно е она што се кажува. Се отиде до таму да се каже дека Саше со бејзбол палка го тепал убиецот. Тоа не е вистина! Каде е таа бејзбол палка. Ја нема! Исто како што го снема ножот со кој беше убиен Ангел. Саше само се обидувал да си го спаси детето – вели револтирано соседот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top