Интензивни комуникација меѓу највисоките членови на раководството на СДСМ и лидерот Црвенковски се одвиваат денеска откако СДСМ официјално го нарече шпекулација планот од 5 точки на Зоран Заев.
Дел од луѓето од врвот на партијата побарале објаснување од лидерот за настапот на Заев на што тој одговорил дека немал информации за изјавите на струмичкиот градоначалник.
Многумина барале да се спроведе принципот кој беше употребен во неколку други случаи кога поради непочитување на партиската политика беа исклучени видни членови (Јакимовски, Бузлевски, Цветковски) и на Заев да му се даде црвен картон.
За исклучувањето на потпретседателот на партијата најверојатно ќе се дискутира на состанок на највисоките тела на партијата кој треба да биде закажан деновиве, тврдат извори на партијата кои сметаат дека СДСМ не може да си дозволи да го исклучи својот најголем донатор и поради тоа е можно Заев да нема никакви последици по својот статус.
Од друга страна Заев на нему блиски сопартијци им рекол дека денешниот настап и објавувањето на предлогот од 5 точки е договорен со Црвенковски кој се согласил тој да се обиде да ги придобие странците со повлекување на ригидни партиски барања.
Превирањата во СДСМ по одлуката за бојкот на избори предизвика сериозни судири меѓу Заев и Црвенковски кои што струмичкиот градоначалник најпрвин ги демантираше а денеска целосно ги потврди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


