Во Кливленд се случи трагедија при што во кавга меѓу родителите, таткото случајно го застрелал својот двегодишен син.
Мажот го убил својот двегодишен син со истрел од пиштол низ прозорец додека се карал со мајката на детето. Засега не е познато дали родителите на детето биле сопружници и дали живееле заедно.
Момчето стоело на врвот на скалите во куќата кога во глава е погоден со куршум. Детето е пренесено во болница, каде што и починало.
Таткото побегнал, но полицијата набрзо го нашла и го упасила. Засега против него не е покрената кривична пријава.
Шефот на полицијата Калвин Вилијамс соопшти дека таткото на детето е осудуван криминалец, кој не смеел да поседува оружје.
Одбил да открие поради што е осудуван. Полицијата истражува како го набавил оружјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



