| четврток, 6 декември 2018 |

ЛДП: Груевски се плаши од избори

Груевски се исплаши од вчерашните протетси, сметаат од ЛДП

ldpЛиберално демократската партија смета дека одговорот на барањата од здружената опозиција, кој ВМРО-ДПМНЕ го лиферуваше преку соопштение е одраз на  стравот и немоќта на Груевски.

– Врв на лицемерието е  ВМРО-ДПМНЕ  да зборува за конструктивност и дијалог во институциите на системот кога, токму тие, на најбрутален начин ги исфрлија новинарите и  пратениците од опозицијата  од најзначајната институција за демократијата, Собранието на РМ. Токму тие  со газење врз Уставот и непочитување на основните принципи на демократијата  ја предизвикаа политичката криза која, се повеќе се продлабочува. Сметаме дека единствено можно решение за надминување на кризата и враќање на легитимитетот на институциите на системот се предвремени парламентарни избори- велат од ЛДП.

Од таму сметаат дека Груевски се плаши од илјадници граѓани од  цела Македонија кои демонстрираа вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top