| четврток, 6 декември 2018 |

Јанша од 20 јуни во затвор

Janez-Jansa

Претседателот на опозициската Словенечка демократска патија (СДС) Јанез Јанша на својот налог на „Твитер“ објави дека добил повик за издржување затворска казна и дека мора да се јави во затворот до 20 јуни.

Словенечките медиуми јавуваат дека доколку Јанша не се пријави доброволно во затворот, ќе биде приведен со примена на сила.

Меѓутоа, Јанша претходно изјави дека нема да бара одложување на казната. Поранешниот премиер е осуден поради корупција на две години затвор во случајот „Патрија“, додека неговите соработници Иван Чрнкович и Тоне Кркович се осудени на по 22 месеци затвор.

Сите тројца мораат да платат и парична казна и судски трошоци во висина од по 37.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top