| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилеј од 1000 натпревари за Хејнкес, играчите на Баерн го почестија со гол-шоу (видео)

Јуп Хејнкес е легенда на германскиот фудбал, денеска прослави илјадити натпревар во Бундеслигата, вклучувајќи ги настапите како фудбалер и тренер, а играчите на Баерн му подарија вистинско гол-шоу за јубилејот. Баварците ја наполнија мрежата на Вердер и славеа со 6-1. Гомес на двапати, Робен, Рибери и Мартинес по еднаш ја погодија мрежата на гостите од Бремен, а еден автогол си даде Гебре Селасие. Стрелец за Вердер беше Де Бруин.

За малку подвигот на Баерн ќе го повтореа играчите на Хановер. Тие го декласираа Хамбургер со 5-1 и ја прекинаа серијата на гостите од 4 меча без пораз. Мајнц за кого игра македонскиот репрезентативец Николче Новески одигра нерешено, 1-1 со Волфсбург, а идентичен беше резултатот и на мечот меѓу Штутгарт и Нирнберг. Аугсбург го победи Хофенхајм со 2-1.


szólj hozzá: Bayern Munich 6-1 Werder Bremen ,Bundesliga (

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top