| четврток, 6 декември 2018 |

Поставен камен темелник на црква за спомен на убиените кај Смилковското езеро

Почна изградбата на црква кај Смилковското езеро на местото викано Кршиколе во спомен на петтемина убиени на Велики четврток минатата година.

На поставувањето на камен темелникот на црквата што ќе го носи името „Светите четириесет маченици Младенци“ присуствуваа и роднините на убиените Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски. Темелите ги освети поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

– Токму жртвата на вашиот Велики петок, токму крвта на тие пет невини момчиња, наши роднини, пријатели и соседи, со еден збор луѓе од нашиот крај овде, нивната крв не собра да поставиме камен-темелник, рече г.г. Стефан.

Црквата ќе парк од 6.000 метри квадратни, а околу неа ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top