| четврток, 6 декември 2018 |

Страшно невреме во Германија, шестмина загинати (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загина во невреме што минатата ноќ ја погоди германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, предизвикувајќи огромна материјална штета и хаос во сообраќајот, при што еден час беше затворен и аеродромот во Дизелдорф.

nemacka-nevreme-foto-rojters-1402384297-512805

Невремето, проследено со грмотевици, поројни дождови и ветер кој на моменти достигал брзина и до 150 километри на час, зафати реон во кој живеат околу 18 милиони лица.

Германските медиуми јавуваат дека погоденото подрачје наликувало на воена зона, каде имало застои во сообраќајот, а некои патиштата биле непроодни поради дрва кои паднале на коловозите.

nemacka-nevreme-foto-rojters-1402384297-512815

Властите апелира до жителите на ова подрачје да не излегуваат од своите домови, поради опасноста од удари на гром и од налетите на предмети носени од ветерот.

Поради невремето одделни делови на Дизелдорф неколку часа останаа и без струја.

Метеролозите предвидуваат дека жариштето на невремето денеска ќе се помести кон централните и источните делови на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top