Што точно се случува во СДСМ најдобро се гледа од демантот на пратеникот Оливер Спасовски на информациите дека опозицијата бара двонеделно одложување на локакните избори.
Најверојатно не знаејќи дека пред него во Струмица потпретседателот Заев одржал прес конференција на која го објави планот од 5 точки според кој СДСМ се откажува од барањето за предвремените избори доколку им се даде шанса да учестувуваат на изборите, Спасовски изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации.
„Република“ во четвртокот објави дека за време на тет – а – тет средба меѓу Заев и Црвенковски струмичкиот градоначалник било разговарано СДСМ да се повлече од своите барања и да оди на избори по што Заев најавил дека ако Црвенковски не сака да признае јавно дека грешел тогаш тој ќе излезе во јавноста. Иако Заев веднаш ги демантираше наводите на „Република“ денеска сепак тој ги потврди сите информации на весникот.
фото: Канал 77
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


