| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен кумановецот кој ја избоде жена си

нож

Уапсен е кумновецот кој вчера си ја избоде сопругата со нож, соопшти полицијата. Како што велат од МВР полицијата синоќа го привела насилниот кумановец кој е осомничен дека со нож и нанел 20 убоди во градниот кош на сопругата.

М.Д. (27) е пронајден на подрачјето на Скопје. Тој се товари дека вчера наутро, веднаш по нападот врз сопругата и нејзината мајка во населбата Доброшане, избегал од местото на трагедијата. Дваесет годишната кумановка, поради сериозноста на повредите, е на лекување на скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top