| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев за само 48 часа ги потврди информациите на „Република“

Иако првично демантираше дека имал кавга со Црвенковски од кого барал да попушти и опозицијата да оди на избори Заев сега признава дека „Република“ била во право

Ниту денови ниту недели туку само 48 часа му требаа на градоначалникот на Струмица  да ги потврди информациите на „Република“ дека во СДСМ има сериозни тензии во врска со одлуката за бојкот на локалните избори.

Потпретседателот на социјалдемократите сега јавно бара две недели за приклучок на опозицијата на локалните избори. Според Зоран Заев сега опозицијата е подготвена да оди на локални избори без барања за предвремени парламентарни избори. Неговиот лидер  Црвенковски  денеска молчи.

Ваквото барање е содржано во последниот предлог што опозицијата го доставила до власта по писмото од еврокомесарот Штефан Фуле. Во предлогот од пет точки опозицијата  во голем дел се согласува со предлозите на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски за да се надмине политичката криза.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев кој информациите на „Република“ за внатрешниот судир околу одлуката да се оди на бојкот ги наречен приказни за мали деца, сега признава дека во СДСМ има кавги и дека  партијата мора да се повлече од јавните ставови и барања.

Во текстовите на „Република“ од четвртокот партиски информации тврдеа дека ако Црвенковски нема доблест да се повлече од позициите за изборите тоа ќе го стори Заев. Сега се случува токму тоа – откако најверојатно Црвенковски одбил сам да признае дека грешел Заев ја активира втората варијанта и сам призна дека опозицијата водела погрешна политика.

Според барањата на СДСМ, локалните избори треба да се одложат за две недели, до почетокот на април за да се реализираат предлозите на претседателот и премиерот, а опозицијата да се подготви за изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top