Во Лос Анџелес минатата ноќ се одржа осмо доделување на наградите „Guys Choice“, каде се доделуваат награди главно на мажите, но изостануваат ни убавиците.

Провокативната Ријана беше избрана за најпосакувана жена. Иако многумина очекуваа да се појави во подеднакво провокативен фустан, таа се појави пристојно облечена.

За фраер на годината е избран холивудскиот актер Метју Меконахи, кој освен оваа ласкава титула претходно доби и Оскар. Тој се разбира, по приемот на наградата дојде и ја бакна својата сопруга Камила Алвес.

Интересна награда имаше за најдобар изглед со децении. Природно, наградата отиде во рацете на Сандра Булок која имаше круна на главата и појас низ телото, што неверојатно потсетува на сцената од филмот “Убавица на тајна задача”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


