| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на пат за Катар, водиме на полувреме со 13-12 против Грција

Македонија има предност од 13-12 против Грција во Атина по 30 минути игра, во првата епизода за пласман на СП во Катар 2015 година.

Нашите ракометари имаа контрола на резултатот во првото полувреме, а во финишот имавме можност да заминеме на пауза и со 3 гола разлика, но во контра Грците намали на еден погодок.

Дејан Манасков со 5 гола и Борко Ристовски со 10 одбрани беа најзабележителни поединци во таборот на Македонија. Треба да се одблеже и дека Ренато Вугринец го игра првиот меч за нашата репрезентација, а во првиот дел имаше солидно издание. Реваншот ќе се игра во Скопје на 15. јуни, а победникот од двомечот ќе патува на СП во Катар следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top