| четврток, 6 декември 2018 |

Заев мавташе со стари формални пресуди за кои доби одговор во 2011-та

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во обид да се испере од одговорност за легализацијата на дивоградбата „Глобал“, поради што во 2008 година беше амнестиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, денеска на прес-конференција презентираше стари документи.

zoran-zaev-press-1

Заев на прес-конференцијата  мавташе со стари формални пресуди за кои веќе доби одговор од поранешниот директор на Катастарот, Љупчо Георгиевски, уште во 2011 година. Заев денеска повторно ги покажа истите документи, пресуди од Управниот и Врховниот суд.

– Судските инстанци си го кажаа своето. Уште пред четири години прво Управниот, па потоа и Врховниот суд, потврдија дека Агенцијата за катастар на недвижности е должна да го запише Глобал во катастарската документација. Еве ви ја пресудата на Врховниот суд, рече Заев на денешната прес-конференција.

Документите кои денес ги покажуваше Заев всушност се истите за кои тој веќе доби одговор пред три години од тогашниот директор на Катастарот, Љупчо Георгиевски. Тогаш Катастарот оцени дека случајот „Глобал“ не е завршен, а двете пресуди од Управниот и од Врховниот суд се формални, а не суштински.

-Заев покажа две судски пресуди и тоа на Управен и на Врховен суд за кои всушност даде свое лично толкување и видување без притоа да ја презентира нивната содржина и суштина и со тоа на јавноста да и даде можност објективно да биде информирана и запозната. Со оглед на тоа што АКН беше повикана да ги спроведе судските одлуки, чувствуваме должност да ја информираме јавноста за конкретниот случај, изјави директорот на Катастар Љупчо Георгиевски во 2011 година.

Според него, пресудата на Управниот суд е донесена исклучиво од формални причини, а не од суштински, а тоа се потврдува  на страна пет, каде е наведено дека судот не дава дозвола за запишување на правото на недвижностите.

-Пресудата на Врховниот суд е  всушност Решение кое е донесено од процесни причини и со истото АКН не се третира како страна во постапката. Што значи дека судот воопшто не се впуштил во утврдување на фактичката состојба, односно не решавал за суштинските прашања за случајов, рече Георгиевски.

Тој појасни дека во текот на 2008 година Драги Цикарски како управител на фирмата „Де-лукс“ која е еден од содружнците во изградбата на „Глобал“ до Катастарското одделение во Струмица доставил пријава за запишување на наводно само реконструиран и надграден објект. Заев и неговите соработници донеле Одобрение за градење од 19.06.2008 година со кое одобриле реконструкција и надградба на градско пазариште, а на лице место е изграден комплетно нов објект.

-Одобрението за употреба кое е доставено со пријавата се однесува само за дел од објектот за приземје и два ката. И секако многу важно е да се напомене дека урбанистичката парцела на која е изграден објектот се протега на 11 катастарски парцели од кои само на една парцела ЈП Комуналец кој е градител на објектот,  е евидентиран како корисник. Останатите 10 катастарски парцели на кои се протега Глобал се исклучива сопственост на Република Македонија, образложи тогаш Георгиевски.

Тој додава дека Заев треба да и објасни на јавноста како е издадено одобрение за градење на земјиште на кое се уште како што рече не ги решил имотно правните односи со Република Македонија.

-Согласно Законот за градежно земјиште, Владата треба да донесе одлука за пренесување на правото на користење на градителот ЈП „Комуналец“ за да може тој да биде носител на градбата. Ваква одлука до ден денес не е донесена.  Следствено на вака утврдената фактичка состојба. АКН донесе Потврда за одбивање на упис поради некомплетност и се повика на чл 143 од “Законот за катастар на недвижности” кој член се однесува на потврда за одбивање на упис поради некомплетност што според Управниот суд е пропуст, истакна Георгиевски.

Тој пред три години го повика Заев да ги реши имотно правните односи за земјиштето на кое е изграден Глобал и да донесе законито одобрение за градење, а како што рече Катастарот веднаш ќе постапи по истото и ќе го запише објектот во јавната книга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top