Прес-конференцијата на Зоран Заев покажува дека тој и неговите соработници се до гуша во криминал и незаконско работење, кое беше амнестирано од менторот Црвенковски. Ова го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев изјави дека градбата на „Глобал“ била легална.
Глобал е производ и школски пример за работата на двоецот Заев- Црвенковски. Во однос на работите кои ги кажа Заев на прес конференцијата би го истакнале следното:
Прво. Случајот со легализацијата на дивоградбата Глобал, на чие решение за легализација стои потписот на Заев преставува своевидно признание за криминалот во ова афера. Да потсетиме, Заев беше приведен и требаше да одговара бидејќи дозволи незаконска градба, дополнително на имот кој не и припаѓал на општината, туку дел на државата и дел на приватни сопственици кои водеа постапка за денационализација. Постапката за легализација значи признавање за незаконитоста на случајот.
Второ, она што Заев сака да го прикаже како успех на општината во привлекување на приватни инвеститори во изградба на трговски центар, е всушност уште една од многуте зделки на неговите приватни бизнис партнери направени на штета на општината. Зад Глобал не стојат добронамерни приватни инвеститори, туку негови бизнис пријатели. Истите тие луѓе добиваат редица други тендери и зделки на општината. Што значи парите излегуваат од џебот на општината и одат во џебот на бизнис пријателите на Заев.
Трето, документите покажуваат дека со помошта на Заев и преку класична злоупотреба и искористување на законот за легализација на бесправно изграден имот по само едно евро кој беше наменет за најсиромашните, неговите бизнис пријатели стекнуваат имот вреден десетици милиони евра и корисна површина од над 20 илјади метри квадратни изразена во дуќани и бизнис центри во центарот на Струмица.
Четврто, Глобал е рецептот за тоа како се перат пари и како еден криминал со политичка заштита од менторот Црвенковски се легализира.
Петто, ја разбираме нервозата на Заев и фактот сите негови лаги се распрснуваат како меур од сапуница, но медиумите му се најмалку виновни. Иронично е што Заев сака да се прикаже како борец за слободата на медиумите, а тој и неговата партија се првите кои речиси секој ден жигосуваат медиуми со политички квалификации, обвинуваат и критикуваат без аргументи, превземајќи ја улогата на главен цензор во државата. Ако некоја вест која е покрепена со документи не му се бендисува, Заев наместо да ги обвинува медиумите нека се соочи со тоа што го пренесуваат самите медиуми. Веројатно нему и неговата партија најмногу би му одговарало времето кога имаше само една телевизија и два весника, но тоа време одамна помина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев треба да се извини на јавноста поради лагите кои ги изнесува. Тој треба да ја превземе одговорноста за криминалот кој го носи на свои плеќи вреден десетици милиони евра., побараа од владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



