| четврток, 6 декември 2018 |

Спортски авион се урна на тераса од кафуле во Хрватска

Vrsar, 06.06.2014 - Sportski avion s dva putnika pao je na terasu kafica u blizini vrsarskog aerodroma

Спортски авион се урнал во угостителски објект на спортскиот аеродром во фрадот Вршар во Хрватска. Според информациите од хрватските медиуми, несреќата се случила околу 11.40 часот додека авионот слетувал на аеродромот, но наместо на писта завршил на терасата од кафулето.

Во авионот поливаген со австриски регистерски ознаки имало пилот и еден патник, а според истарската полиција во несреќата немало повредени.

Причините за несреќата не се познати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top