Со импресивна леснотија Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на ролан Гарос, а одличните игри му даваат за право на српскиот ас да се надева на титулата во Париз, единствена што му недостасува во колекцијата од четирите гранслем турнири. Во полуфиналето Новак го победи Ернест Гулбис со 3-1, а симболично сите сетови завршија со резултат 6-3. Само третиот го доби Летонецот, се останато беше во знакот на Ѓоковиќ.
За српскиот тенисер ова ќе биде втор обид да се освои Ролан Гарос, откако во 2012 загуби во финалето од Рафаел Надал. Шпанецот е можен противник во нов спектакл меѓу двајцата врвни тенисери, но и Енди Мареј има шанса, ако попладнево го победи шпанскиот ас.
Кај дамите во завршниот меч за трофејот утре ќе играат Марија Шарапова од Русија и Симона Халеп од Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


