Кандадска верска група се обидува да добие земјиште, на кое сакаат да отворат прва Амбасада за вонземјани, затоа што сметаат дека тие ја создале расата на Земјата.
Според нивните верувања, расата на Земјата ја создале вонземјанските видови кои ги викаат Елохим и кои ќе се вратат на нашата Планета кога ќе се отвори амбасада за нив.
Овој предлог веќе е испратен до Владата на Канада со напомена дека оваа Амбасада не би смеела да биде покрај Арктикот затоа што вонземјаните наводно не сакаат студ.
Ова не е првата „сериозна“ вест што ја врзува Канада со вонземјаните. Поранешниот канадски министер за одбрана од шеесеттите години на минатиот век, Пол Хелиер, за медиумите тврдеше дека има најмалку 80 различни вонземјани од кои некои веќе живеат меѓу нас на планетава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.