Aли Ахмети е реизбран на функцијата претседател на Демократската унија за интеграција. Вака денеска одлучија 657 делегати од поканетите 692, кои гласаа на конгресот кој се одржува во Тетово. По реизборот на Ахмети, според најавите, следува усвојување на партискиот статут и на програмата.
Од ДУИ велат дека за најмалку три месеци ќе одржат нов конгрес, кој ќе биде тематски и на кој ќе се расправа за политиките и стратешките цели на партијата, граѓаните Албанците, како и за насоките по кои треба да се движи државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.