| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во лер, останавме на 80. место на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на истата, 80. позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена во пресрет на почетокот на Светското првенство во Бразил. Во ова рангирање не е вкалкулиран поразот од Камерун со 0-2 на пријателскиот меч во австрискиот Куфштјн. Средбата со Катар што заврши 0-0 во Риети, Италија е неофицијална и таа не е влезена во календарот на ФИФА.

Од нашите противници во следниот квалификациски циклус за ЕП 2016, актуелниот светски и европски првак Шпанија е на првото место, Украина е 16. светска сила, а меѓу првите 50 селекции се наоѓа и Словачка  на 49. место. Белорусија е само две позиции зад Македонија на листата на ФИФА, а Луксембург е најслабопласиран во групата, на 119. скалило.

На врвот зад Шпанија се Германија и Бразил, а во првата „десетка“ се уште и селекциите на Португалија, Аргентина, Швајцарија, Уругвај, Колумбија, Италија и на Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top