| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во ракометен транс, во Грција немаат абер за баражот

Македонија со нетрпение го очекува бараж двомечот со Грција за пласман на ракометното Светско првенство во Катар следната годинја, а кај нашите јужни соседи речиси нема интерес за одлучувачките дуели.

Медиумите во Грција со скромни информации го најавуваат ракометниот двомеч на двете земји што имаат меѓусебни политички проблеми, но немаат некаков посебен ракометен ривалитет. Во Грција оваа игра е на пониско рамниште, а репрезентацијата ретко настапува на големите натпреварувања.

Грците се домаќини на првиот меч, задутре од 18 часот во Атина, а Македонија е домаќин на реваншот во Скопје на 15 јуни. За тој меч веќе се одредени цените на билетите, кои чинат 300 и 400 денари, а се очекува вистинска грозница за влезниците што ќе се продаваат од понеделник.

Македонија во последно време е редовен учесник на големите натпреварувања, а најдобар пласман ни е петтото место на ЕП во Србија пред две години.

Најголем успех на Грција е шестото место на СП во Тунис во 2005 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top