| четврток, 6 декември 2018 |

Плакатот за новиот парфем на Ријана премногу провокативен (фото)

Плакатот за новиот парфем на познатата пејачка Ријана треба да биде поставуван само на места каде што децата не можат да го видат затоа што, според оценката на експертите за огласување од АСА, фотографијата на пејачката е премногу провокативна, јави „Би-Би-Си“.

На таа фотографија Ријана седи гола на подот со кренати нозе на шишенцето „Roque“ . Меѓутоа, од компанијата „Parlux Fragrances“ велат дека иако пејачката е без облека, фотографијата не е недолична или понижувачка.

Експертите од АСА го прифатија фактот дека Ријана, главно, е покриена и дека изразот на нејзиното лице повеќе покажува пркос отколку ранливост, но објаснуваат дека сликата е провокативна заради нејзините кренати нозе и заради фактот дека очигледно е гола.

Врз основа на тоа, тие заклучиле дека плакатот е сексуално сугестивен и дека неговото поставување треба се ограничи на места каде што децата не можат да го видат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top