Младиот италијански стратег Андреа Страмачони ќе биде новиот тренер на Удинезе во наредните две сезони.
Поранешниот тренер на Интер официјално ќе го преземе клубот на 1 јули 2014 година. Единственото професионално тренерско искуство на Страмачони беше во тимот од Милано со кој во сезоната 2012/2013 заврши на деветтото место.
Пред тоа ги предводел младите тимови на Рома и на Интер.
Италијанските медиуми тврдат дека прв помошник на Страмачони ќе му биде поранешниот репрезентативец на Србија, Дејан Станковиќ, со кого соработуваше во времето кога ги предводеше „нероазурите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.