| четврток, 6 декември 2018 |

Тито: Благодарам другарке Милка

Josip-Broz-Tito-selfi-700x325

94-годишната баба Милка Јакшиќ од Босанска Крупа раскажала за „Курир“ дека за време на Втората светска војна го запознала маршал Тито, на кого му варела кафе. Кон неа и кон другите, секогаш се однесувал со почит.

-Беше многу добар кон сите. Секогаш кога ќе му сварев кафе, Тито велеше: Благодарам другарке Милка. Тогаш владееше големо почитување и сите бевме задоволни. Другарот Тито лично ми даде одликувања и споменици. Од 1941 година до 1945 година добив вкупно 11. Беше тешко, но повторно сѐ би повторила – раскажала Милка Јакшиќ.

josip-broz-tito-540x304

 Јованка ја запознала во Белград, каде што живеела кратко период, а често била во друштвото на Тито и на Јованка.
– Слободата во Југославија владееше на секој чекор, никој не ве прашуваше за име, се спиеше во паркот – вели Милка.
– Млада зедов пушка и отидов со другарите и со другарките, на повик на Бранко Ќопиќ. Моите родители беа против. Татко ми, сопругот и браќата, сите беа партизани. Еден ден усташите дојдоа во нашата куќа, татко ми не беше дома. Нивниот командант ме затвори во собата и се обиде да ме силува, а јас за среќа побегнав низ прозор. Мајка ми отиде по татко ми, а кога дојде усташите го заклаа – раскажала старицата, која за време на војната ги загубила и своите браќа и сопругот.
Денес живее во дом за пензионери и сѐ уште живее во сеќавањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top