Во случај да ви е потребна дополнителна причина да се напиете чаша од вашиот омилен напиток, еве уште една потврда за позитивните ефекти на кафето.
Новите истражувања даваат дополнителни причини за пиење кафе, кое според овие истражувања може да ги зголеми шансите за долговечност.
Во студија која опфати речиси половина милион возрасни Британци, оние кои пијат кафе имале малку помал ризик од смрт отколку оние кои не пиеле повеќе од 10 години. Дури и оние што пиеле најмалку осум чаши кафе секојдневно изгледа забележале поттик во долговечноста.
Кафето содржи повеќе од 1.000 состојки кои би можеле да го објаснат овој резултат, вклучувајќи и антиоксидансите кои ги штитат клетките.
Подобрување е забележано кај инстант кафето, меленото кафе, како и кај кафето без кофеин. Студијата повторува некои заклучоци од претходни истражувања, но ова е првата голема студија која покажува дека кафето делува добро и на луѓето со гени кои предизвикуваат нивниот метаболизам да го обработува кафето побрзо или побавно од вообичаеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.