| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста ги помина медицинските прегледи во Лондон

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, успешно ги помина медицинските прегледи во Лондон и сега само потпис го дели за трансфер во Челси.

Тој минатата сезона ја заврши со 27 погодоци на 34 натпревари, а екипата на Роман Абрамовиќ ќе ја чини 32 милиони фунти.

Коста, кој моментално е на подготовки со репрезентацијата за престојното Светско првенсто, не е единствениот играч од „јорганџиите“ што Жозе Мурињо сака да ги донесе, на листата се наоѓаат Тијаго и Филипе Луиз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top