| четврток, 6 декември 2018 |

Како загинал Борис Трајковски – сторијата на National Geografic

boris trajkovski
Поединци и институции, пропусти во работата имало кај сите. По 18 месечна работа тимот на Кулиќ стави точка на извештајот. Истрагата е завршена, анализите се спроведени.

Фактите најдоцна до крајот на Јули ќе бидат на масата пред властите во Скопје и Сараево. По нивниот одговор и јавноста ќе дознае како се сруши претседателскиот кингер.
kinger-boris-trajkovski-600x272

„Мораме сега да добиеме одредени мислења на властите во Македонија и БиХ за она какво е нивното мислење за она што го направивме, тоа за нас не е обврзувачко но можеме да го уважиме, а после тој конечен извештај ние мора да им го доставиме на јавните обвинителство односно на владите на БиХ и Македонија, и во тој момент сме го завршиле обврзувачкиот дел и ќе можеме да кажеме во јавност што се случило.“ – вели за Сител, главниот ситражител, Омер Кулиќ

Од теории на заговор, до постапките кои морале да ги почитуваат државните институции, пилотите и службите за следење на авионот. Анализи и компаративни споредби, сето ова го продолжило составувањето на пишаниот извештај.

„Навлеговме во насјитните детали во секој проблем. Имало пропусти и од поединци и од надлежни работи но на јавноста ќе и го прикажеме целосниот извештај кога ќе заврши комплетната постапка“ – вели Кулиќ

Како загина македонскиот претседател ќе слушне и светската јавност. Реконструкција базирана на извештајот на Кулиќ ке прави и глобалната мрежа National Geografic.

Меѓународниот тим истражители тврди дека по ова нема да има дилеми како загина македонскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top