
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје утре со почеток во 12 часот ќе биде промовирана дигиталната едиција на добитниците на наградата „Рациново признание“ во периодот 1971-2013 година.
На свеченоста ќе се промовираат 43 дигитални изданија од 40 македонски автори кои во изминатите 43 години биле добитници на „Рациново признание“, највисоката книжевна награда за прозно остварување во Република Македонија.
За значењето на оваа престижна награда и во името на наградените автори ќе зборува писателот Васе Манчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


