| четврток, 6 декември 2018 |

Карл Лагерфелд ќе дизајнира за „Луј Витон“

karl1-1

По повод прославата на 160-от роденден на „Луј Витон“, Карл Лагерфелд ќе „гостува“ како дизајнер во оваа прославена модна куќа.

Делфин Арно собра тим од генијалци кои по повод роденденот на Луј Витон ќе го редизајнираат познатиот монограм на куќата, а освен Лагерфелд, во тимот се уште и Марк Њусон, Кристијан Лобутен, Реи Кавакубо, фотографката Синди Шерман и архитектот Френк Жери.

Линијата чанти со родендениот монограм ќе се продаваат од средината на септември, а цените ќе се движат од две до четири илјади евра. Чантите ќе бидат во ограничен број.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top