
Под мотото „За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица“, вечерва во Македонскиот народен театар во 21,30 часот, во рамките на „МНТ фест“, издавачката куќа „Блесок“ ќе ја промовира книгата собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ под наслов „Купидона и други драми“. Со пеење и глума, на промоцијата ќе учествуваат петнаесетина актери и пејачи, а настанот ќе продолжи со забава со диџеј Новоградска. Влезот е слободен.
„Купидона и други драми“ излезе во рамките на престижната едиција за драмски текстови „Гестус“. Петте драми објавени во книгата се напишани и изведени во периодот од 2005 до 2013 година. Веднаш по промоцијата, книгата ќе биде објавена и во електронски формат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


