| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на млади архитекти во МКЦ

став

На 10 јуни во 20.30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата СТАВ на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонски Факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Изложба е една поинаква визија за архитектурата. Покровители на оваа изложба е Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), кои се најголемата професионална архитектонска организација кај нас.

– На оваа изложба сакаме да ги промовираме нашите проекти што имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти, кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа сакаме тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти – велат студентите.

Меѓу проектите има културни центри, винарии, реадаптации на напуштени индустриски објекти, планетариуми, урбанистички проекти, проекти за заживување на македонските села, нови градски центри, облакодери и многу други архитектонски и урбанистички проекти.

„Ова се проекти од нас за сите нас. Оваа наша визија се надеваме дека наскоро ќе стане реалност во нашата земја. На отварањето на изложбата ќе има и презентација „Архитектонската реалност меѓу Лондон и Скопје“ со која ќе се обидеме да ги сместиме нашите проекти во еден светски архитектонски стил, велат студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top