| четврток, 6 декември 2018 |

„Хамлет“ – првата претстава на театарот „Глоуб“ е распродадена

глоуб

Билетите за претставата „Хамлет“, која игра во Македонскиот народен театар на 5 јуни, со почеток во 20 часот, се распродадени.  Влезници можат да се купат само уште за попладневниот термин во 16 часот.

Театарот на Шекспир „Глоуб“ од Лондон ќе ја добие наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот, која првпат оваа година ја доделува Македонскиот народен театар на првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ-ФЕСТ“. Наградата ја симболизира театарската традиција на македонската почва и ќе се доделува секоја година.
Театарот „Глоуб“ е театар во Лондон што се поврзува со името на Вилијам Шекспир. Го изгради театарската компанија на Шекспир во 1599 година, а изгоре во пожар на 29 јуни 1613 година.
Вториот театар „Глоуб“ е изграден на истата локација во 1614 година и е затворен во 1642 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top