| четврток, 6 декември 2018 |

Џеремаја Кеурс осуден за смртта на штипјанката Марија Костова

jeremaja kaurs32-годишниот Џеремаја Кеурс е виновен за смртта на штипјанката Марија Костова. Тој на 4. јули во 2011 година, во Панама сити бич на Флорида, со својот џип ја прегази студентката од Штип. Висината на казната ќе му биде изречена на 1 април. Родителите на Костова се задоволни од пресудата, но искажале незадоволство од спороста на правдата.
Кеурс беше обвинет 10 месеци по злосторството. Марија на кобниот ден се шетала по улица, на само 30-на метри од станот каде престојувала, во рамки на студенстката програма ворк анд травел, кога наеднаш била удрена во возило во движење кое и по ударот продолжило без да застане.
На немилиот настан посведочиле и нејзините цимерки, кои биле на терасата и веднаш повикале брза помош, но Марија во болницата им подлегнала на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top