Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ја имаат првата шанса за одбрана на титулата, додека пак тимот на Работнички кој во четвртиот дуел ја има улогата на домаќин ќе се бори за останување во игра и со евентуална победа да обезбеди мајсторка.
Моменталниот резултат е 2-1 во победи за МЗТ во серијата прв до три. МЗТ Скопје Аеродром го освојуваше шампионскиот трофеј во претходните две години, а вечерва за првпат ќе има шанса титулата да ја освои во Скопје. Претходно „сино-белите“ се радуваа во Кавадарци против Фени Индустри и во Гевгелија против Кожув.
Од друга страна, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички со 14 трофеи, последен пат на тронот бил во 2009 година.
Почетокот на натпреварот број 4 од финалето во плеј-офот е во 19 часот и 30 минути. Сите дуели од финалната серија се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


