Без проблем може да се рече дека младата пејачка се појави топлес на доделувањето на модните награди. Ријана носеше тоалета, но речиси како да не носеше. Многумина нејзиниот фустан го нарекоа светкава рибарска мрежа, која ги открива нејзините гради и задникот во танга.
Ракавиците, дијамантските обетки и дијамантскиот прстен, како и крзното на неа како модни додатоци не успеаја да ги оттргнат погледите од нејзините атрибути.
На овој престижен настан Ријана ја доби наградата за модна икона на годината, а таа престижна награда и ја донесе американското здружение на модни дизајнери (CFDA).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.