| четврток, 6 декември 2018 |

Трифуновски: Го штитев животот на моето дете!

sudenje-trifunovski
Не, не се чувствувам виновен. Го штитев, мојот и животот на моето дете. Она што го направив, би го направил секој нормален човек, одговори полицаецот Јаким Трифуноски на последното прашање од судијата на денешното рочиште во Основниот суд во Гостивар, каде тој беше прогласен за виновен и осуден на доживотен затвор, пренесува Дневник.

Трифуновски пресудата ја дочека на нозе и без знаци на вознемиреност и по завршните зборови на судечкиот судија се прекрсти.

Според Митко Солаков, адвокатот кој ја застапуваше одбраната, изречената казна е превисока и најави жалба:
– Не се земени во предвид повеќе докази. Сметам дека во овој случај станува збор за нужна одбрана, а не дело кое судот му го става на терет.

 Двојното убиството се случи на 28 февруари на улицата Кеј Вардар во Гостивар, кога Трифуноски, кој не бил на работа, со службениот пиштол ги застрелал Бесник Шехапи и Имран Мегди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top