Не е тајна дека славниот холивудски актер Џорџ Клуни ја сака политиката, а во неговиот круг на пријатели, покрај останатите политичари, е и американскиот претседател Барак Обама.
Британски „Дејли Мирор“ пишува дека 53-годшнот актер по венчавката со свршеницата Амал Аламудин, планира од сериозно да се посвети на политиката.
Клуни е познат по неговиот политички активизам. Во 2012 година уапсен е во суданската Амбасада во Вашингтон каде протестирал против претседателот Омар Ал-Башар. Неодамна призна дека на хуманитарната мисија во Дарфур му се заканувале со смрт.
Во неговата нова свршеница актерот пронајде идеална партнерка за почеток на политичката кариера. Иако зад себе има низа врски со разни убавици, една од најдобрите британски судијки подобро ќе му „прилега“ во политичката кампања, пишуваат лондонските таблоиди.
– Сега кога покрај себе ја има Амал, тоа му дава повеќе кредибилитет при кандидатурата за претседател на САД, заклучи изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.