Фолк пејачката Јелена Карлеуша сериозно има намера да влезе во политика. Атрактивната пејачка би сакала да стане градоначалник на Белград, а себе си се спореди со досегашниот претседател Томислав Николиќ.
-Зошто да не бидам градоначалник? Па ако можеше Тома Николиќ да биде избран за претседател на државата, можам и јас да бидам градоначалник, рекла пејачката додека во жарот на говорот и отпаднале перја од облеката.
Српските медиуми пренесуваат и дека Миломир Мариќ искоментирал пред неа оти и паѓаат пердуви како на вистинска кокошка, на што Карлеуша се насмеала и го пофалила за шегата на нејзина сметка.
Откако обложувалниците ги објавија квотите за изборите во Белград, сите ја видоа естрадната ѕвезда како најсилен кандидат и веднаш ја прогласија за кандидат на ЛДП за градоначалник на Белград.
Откако добила добри оцени, Карлеуша дополнително ја загреа атмосферата со својот твит во кој напиша „Да се кандидирам за градоначалник?”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша во танга бикини на Малдиви (фото)
-
Карлеуша за тоа како ги воспитува ќерките: Кога ме прашуваат што значи Бог, јас им велам тоа е колективна шизофренија
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Дали и прилега таков прекар – Карлеуша откри како ја нарекуваат Турците!