| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ повторно со реакција за манипулација

SDSM-Brisel-Zoran-Zaev-1

Случајот „Глобал“ и сите апсурдни состојби поврзани со него се креација на ВМРО – ДПМНЕ и Никола Груевски. Од самиот почеток, па до ден денешен, истиот случај често се експонира во јавноста, и тоа секогаш  кога власта сака да го дефокусира вниманието од сопствените слабости, недоследности, афери и криминални дејствија. За жал, така е и овој пат. Случајот „Глобал“ е еден од првите случаи преку кои власта си го покажа своето вистинско, грдо лице за прогон на политичките неистомисленици – реагираат од СДСМ.

Понатаму додава:

Извртувањата и манипулациите од страна на некои медиуми се очигледни затоа што, ако нешто било незаконско, тогаш не ќе можело ниту да се легализира. Како што одобрението за градба беше во согласност со законите, така и легализацијата е во согласност со сите закони кои се донесени и од оваа власт. Дека е тоа така, недвосмислено потврдува и фактот дека Катастарот, која е државна институција и под ингеренции на Груевски и неговите владини послушници, го впиша „Глобал“ како легализиран објект.  Со тоа паѓаат во вода и првичните обвинувања за наводно непочитување на денационализација. Вистината која е како шило, вели дека доколку постои предмет за денационализација, тогаш објектот не може да биде легализиран. Сето тоа ја вади на површина политичката конотација на целиот овој случај, начинот на кој владее Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и уште еднаш ја потврдува манипулацијата на некои медиум.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top