| четврток, 6 декември 2018 |

На „МНТ-фест“: Гостува „Народен пратеник“

народен пратеник

Народното позориште од Белград утре, 3 јуни, во 20 часот ќе гостува во Македонскиот народен театар во Скопје, каде ќе ја изведе претставата „Народен пратеник“ во режија на Саша Габриќ. Премиерата на претставата беше пред само четири дена, а својата прва реприза ќе ја има во рамките на „МНТ-фест“. Носечкиот лик на Јеврем Прокиќ го толкува првенецот на белградскиот театар Борис Комнениќ, а играат Радмила Живковиќ, Калина Ковачевиќ, Олга Одановиќ, Бранислав Томашевиќ и други.

Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ најави дека приходот од претставата ќе бидат даден во хуманитарни цели во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top