Јелена Бачиќ-Алимпиќ, популарната српската авторка на бестселерите „Рингишпил“ и „Писмото на госпоѓа Вилма“, доаѓа во Скопје за да присуствува на промоцијата на македонското издание на нејзината нова книга „Последната пролет во Париз“.
„Kлуб Матица“ ќе ја промовира книгата на 4 јуни, заедно со реновираниот простор на нивната книжарница, сместена на симболично наречениот „Булевар на книгите“.
Бачиќ-Алимпиќ е новинар, уредник и водител во српска телевизија. Иако е позната како јавно лице, малкумина знаат дека всушност станува збор за професор по книжевност. Нејзините писателски способности ги покажа во романите „Рингишпил“ и „Писмото на госпоѓа Вилма“ – романи што го освоија Балканот. Нејзиниот прв роман „Рингишпил“ беше најчитана книга во Македонија во 2011 година, како и неколку години најчитана книга во Србија.
Во нејзиниот трет и последен роман таа раскажува за судбината на емигрантите од царска Русија, верноста кон идеолошките вредности, појавата на демоните од минатото, каде е границата на вистината и како да се пронајде храброст за да ја прифатиме и да се осознаеме себеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.