![eksterno-testiranje---janev[1]](http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/06/eksterno-testiranje-janev1.jpg)
Екстерното тестирање за околу 190.000 ученици во основните и во средните училишта во Македонија почнува денеска, на 2 јуни и ќе трае до 10 јуни.
Учениците ќе одговараат на над 3.000 прашања од повеќе предмети, кои на почетокот на мај беа објавени на интернет-страницата на Државниот испитен центар.
На 28 мај беа објавени имињата на учениците и денот и часот кога ќе полагаат, а кој предмет ќе го полагаат ќе биде објавувано три дена пред полагањето. Резултатите ќе се објавуваат етапно, а предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе им се даде на осмоодделенците, затоа што уписите за средно започнуваат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.
До Министерството за образование и наука пристигнале 3.461 забелешка за прашањата, а како што информираше министерот Спиро Ристовски направена е соодветна корекција.
Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение, до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 средни и основни училишта. Тестирањето ќе ги следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани 175 администратори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


